Впечатливи, моќни, креативни, живописни. За некого со јасна порака, за некого мистични. За сите импресивни и инспиративни со неограничени можности за индивидуално толкување и доживување. Од една крајност до друга…идентично на колоритниот контраст како неизоставен дел на секој од нив.

Се помеѓу е импровизација која својот полн сјај го доживуваа благодарение на џезот.

Постерите се вистинска атракција и креативност која со нетрпение се очекува да го најави стартот на секој следен Скопски џез фестивал чија програма овозможува богатство од задоволста за сите вљубеници во џезот. Пред самиот почеток на овогодинешното 39-то издание, “ВИДИ ЏЕЗ“ е нашиот повик со отворен ум и нескротлива имагинација да уживате низ прегледот на сите фантастични уметнички плакати кои се запишаа во историјата на Скопскиот Џез Фестивал.