Американската поетеса Луис Глик е годинешната добитничка на Нобеловата награда за литература. Глик се вметнува во редот на само 16 поетеси кои го добиле ова престижно признание.

Таа, наградата ја добива, за како што велат од Шведската академија за “нејзиниот непогрешлив поетски глас, што со строга убавина го прави индивидуалното постоење, универзално.“

Глик своето поетско деби го има уште во далечната 1968 година со својата збирка “Првороден“ и уште тогаш ја понесува титулата на една од најпроминентните млади современи поети во американската литература. Има објавено 12 збирки поезија како и два тома есеи со лирски писанија.

Нејзиниот стил се карактеризира со неверојатна јасност и бистрина, осврнувајќи се на семејниот животи и родителската блискост кои останале центар на нејзината мисла во текот на сите овие години. Глик трага по универзалното, а инспирацијата ја бара во митовите и класичните мотиви. “Нејзиниот глас е непогрешлив, но суптилен, бескомпромисен, и јасно покажува дека оваа поетеса сака да биде разбрана“.-велат од Шведската Академија.

Глик е првата поетеса кој ја добива Нобеловата награда за литература по Вишлава Сцимборска уште во 1996та година. Таа е воедно и првата личност од Соединетите Американски Држави која добива Нобелова награда по онаа на Боб Дилан, во 2016та година.

Луис Глик е родена во Њујорк, а моментално е професор по англиски јазик на Универзитетот Јејл.