Четириесетина деца, најголем дел од актерската школа на Весна Петрушевска, но голем дел и избрани на јавен повик за млади таленти се екипата која почитувајќи ги сите протоколи успеа да спреми и сними 30 нови епизоди за вториот серијал на ДАЈТЕ МУЗИКА.

Овие мали, но само по години, умови преку забава ќе нè потсетат на традиционалните семејни вредности – добро однесување, здрави навики, чесност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. И не наивно, срамежливо и тивко. Напротив, гласно, со совршено извежбани литерарно говорење и дикција.

Навидум едноставно, но дали навистина?!

Цел свет живее во тие четири ѕида меѓу кои секојдневно силно одѕвонуваат пораките: биди одговорен, слушај, биди разигран, биди подготвен, биди љубезен. Учи! Можеш!

Патот до фантастична епизода е поплочен со многу работа, труд, вежби, истрајност, пот и работа на себе си.

Да, тука наизуст се знае Горан Стефановски, Молиер, Кочо Рацин, Петре М Андреевски. И тоа од сите до еден, од 4 до 14 години, затоа што сите научиле дека ѕидот е само во нашата глава, а тргајќи го, секој својот, се станува лесно и возможно.

Од 4-ти Ноември на првата програма на МРТ будно следете ги и уживајте во големите лекции на новите детски идоли.

автор: бон&бона