Шупла Стена – 2.431 метар

Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Шупла Стена се наоѓа на координатите 41°43’29” северна географска широчина и 20°31’06” источна географска должина.

Шупла Стена се одликува со многу величествена глетка, каде источната падина е многу грамадна и огромна, прошарана со бујна трева и сипар од ситни раздробени камења, додека западната е стрмна пресечена карпа при што сртот на самиот врв е многу тесен, карпест и раздробен односно испресечен сo провалии од двете страни.

Дел од овој прекрасен Корабски врв може да се види од следните слики

фото Сајковски М.Дејан