Ѓ – Ѓец Стан (Стенли) (2 Февруари 1927 – 6 Јуни 1991) тенор саксофонист, можеби најпознатиот музичар од “cool school” на џезот, забележлив по мекиот, но буен тонски израз.

Е – Ела (Џејн) Фицџералд (25 Април 1917 – 15 Јуни 1996) Американска џез пејачка која станала светски позната по широкиот опсег на и ретката сладост на гласот. Таа станала меѓународна легенда за време на нејзината шестдецениска музичка кариера.     

Ж – Жаќе Илинои (31 Октомври 1922 – 22 Јули 2004) Американски џезер кој извршил големо влијание на подоцнежните генерации на ритам и блуз саксофонистите. Тој свирел соло партии на саксофон, карактеризирани со ударачки и врескачки призвук на основните тонови и агресивни, екстровертни соло изведби, но свирел и балади преку мелодичен начин на свирење. Неговите два рефрени на снимањето на „Летечкиот дом“ на Лионел Хамптон (1942) се најимитираните соло партии на деценијата..

З – Завинул Џо (7 Јули 1932 – 11 Септември 2007) Австриски џез музичар, композитор и клавијатурист во џез-рок групата Weather Report и Zawinul Syndicate каде експериментирал со електронските инструменти и Афричките и Латино ритми. Бил успешен џез пијанист во Европа пред да се пресели во САД, каде бил забележан како дел од квинтетот на Кенонбол Едерли и го компонирал големиот хит на Едерли “Mercy, Mercy, Mercy” во 1967. Завинул свирел електрично пијано на пионерските fusion албуми на Мајлс Дејвис – I Sing the Body Electric, Heavy Weather, добитникот на Греми во 1979 – 8:30.  Во своите подоцнежни години управувал со ноќен клуб во Виена.

aвтор: МАНА