“КРАЈ ПАТОТ простум стојам, времето низ дланки го пропуштам, уморно чекам, упорно очекувам да дојде крајот, да почне бескрајот.”

Чегране, декември 2004 – Дарко Петровски

Смиреноста на погледот и онаа на раката, вешто ловат атмосфери и доживувања кои сведочат дека “Убавината се крие во малите различности, во невидливите другости, во тајните несклади…

Созарцанија е збир на дела во кои е скриена вистината, за сликата и мислата, чии вкрстувања создаваат вечност.