Смиреноста на погледот и онаа на раката, вешто ловат атмосфери и доживувања кои сведочат дека “Убавината се крие во малите различности, во невидливите другости, во тајните несклади…

Созарцанија е збир на дела во кои е скриена вистината, за сликата и мислата, чии вкрстувања создаваат вечност.

Невидлива СЕНКА сеништо те прогонува, злодушно ги опседнува сите животни сили. Но, ти најде Љубов во себе сите сомнежи ги отфрли.”

Калишта, октомври 2006 – Дарко Петровски

Текст и фотографија: Дарко Петровски