Невреме – Нов сингл од Фанк Шуи иВера Љубојна

Најперспективниот бенд кај нас, ФАНК ШУИ, со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера. МЕТЕОРИ и ВЕТЕР, кои заедно со своите официјални видеа се авторски материјал кој ја мултиплицираше нивната регионалната публика. Фанк Шуи во рекордно време се позиционираше на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.

НЕВРЕМЕ е нов сингл, издаден денес (10 март, 2021), во соработка со еден од најпрепознатливите и најегзотични женски вокали во поновата македонска историја – Вера Милошевска Јосифовска, кристалниот глас на групата Љубојна и најавтентичната културна фигура на македонскиот мелос . Синглот е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување и се наоѓа на повеќе од 150 дигитални музички продавници. Официјалното видео ќе се појави со своја премиера на 10ти март во 19 часот на YOUTUBE каналот FUNK SHUI.

НЕВРЕМЕ е еклектична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на ФАНК ШУИ.

Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото МЕТЕОРИ на ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020 во дури три категории, тие се финалисти на HEMI Music Awards, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор.