Датум за паметење

12.03.1990

На 12 март 1990 година, етикетата „Blind Dog Records“ го издаде „Икона“ деби-албумот Лола В. Стејн, едно од најдобрите македонски музички остварувања. Снимено е во јануари 1990 година, во „Арт студио“ во Загреб, Хрватска, а го продуцираа Жењко Јербиќ, Златко Ориѓански и Павел Ренџов.

Ikona е и првото македонско издание кое на својот омот има релјефни букви (Embossed cover). Иако е назначено дека на плочата се втиснати само две теми, сепак се работи за две подолги тематски целини составени од по неколку фрагменти, кои можат да функционираат и како засебни музички теми, што пак истовремено му ја дава и квалификацијата дека станува збор за комплетен албум по однос на времетраењето на материјалот.

Лола В. Стејн беше македонска група, формирана во 1987 година од музичарот Златко Ориѓански. Петтиот член е она што и дава навистина посебен идентитет на оваа група. Тој е Пеце Атанасовски, традиционален македонски гајдаџија.

Музиката на Лола В. Стејн може да се опише како електроакустична амбиентална музика со мешавина на традиционални македонски етно звуци. Комбинацијата од гајда и обоја е прекрасна, уникатен концепт чии ударни и електронски текстури се чини дека го навестуваат пост-рок движењето што ќе се појави неколку години подоцна.

Името на овој бенд е преземено по еден од романите на Маргарет Дирас.

Групата престана да работи по нејзиниот втор албум.

извор: musicalphabet.com и Македонски Рок времеплов