Нема компромис во театарот – Одблиску со Александар Михајловски, актер во Македонскиот народен театар

фото: Дејан Сајковски

Мој идентитет – јас

Не знам како да почнам и што би кажал за тоа кој сум. Понекогаш мислам дека знам, но сепак не сум сигурен или можеби сум, не знам, ама она што го знам е дека од дете сакав да се занимавам со глума и ги сакам сликарството, вајарството, балетот… едноставно, од дете ја сакам уметноста и никогаш не сум се доживувал себеси како ништо друго освен како уметник.
Во детството се плашев од темнина, а сега ме плашат луѓето, ме плашат и промените во новото нормално.
На академија ми беше многу забавно, уживав во секој момент, дури и кога бев ужасен на сцена.
Од мојот професор научив како вистински да го сакам театарот и, пред сè, да верувам во тоа што го правам. Ми фалат часовите со него, ми фали да го слушам како раскажува за театарот и за животот, ми фалат академските денови. Не знам кога созреав и дали воопшто сум созреал како актер… сè уште не сум ги опипал сите форми на театарот, кога ќе дознаaм ќе ти кажам. 🙂
 “Одговорноста да се игра пред деца за мене е иста како и пред која било публика”

 Повеќе уживаш во процесот на создавање или во репризите?Зависи со кого работиш. 🙂 Некогаш може да имам ужасен процес, и тогаш подобро и да нема реприза. 🙂
Во принцип, уживам и во двата процеса, некогаш повеќе, некогаш помалку.

Актерството за тебе е игра, професија или живот?
Јас ова би го ставил по овој редослед:
Живот
Игра
Професија

Талент или среќа?
Дефинитивно, да имаш среќа да го покажеш талентот.

Каде е театарот денес?
Опколен со „театарски мафијаши“, седи некаде во некоја биртија…

Во 2018 година ја доби наградата за млад актер на фестивалот „Војдан Чернодрински“, а потоа во Зеница повторно доби награда за млад актер. Нино во „Ничија земја“ од Александар Морфов е улогата што те издигна на театарската сцена. Што е Нино за тебе?Хммм… Ај вака, Нино е мојата среќа да го покажам својот талент. И да си потврдам дека припаѓам таму каде што сум.

Кое е твоето оружје да се избориш за својот свет и идентитет како актер?
 Калашников“ ха-ха-ха :)) Најверојатно јас, сцената и текстовите.

Дали постои конкурентност на театарската сцена?

Подолго време на театарската сцена нема ништо, не, пак, конкурентност. 🙂

Што е за тебе гласноста на актерот кон општеството?

фото: Дејан Сајковски

Гласноста на човекот, не на актерот, е неопходна кон општеството.
 
Она што е интересно е тоа што твојата прва главна улога е во претставата „Силјан Штркот“ од Срѓан Јанаќијевиќ. Со таа улога ја доби твојата прва награда за млад актер на „Златна бубамара на популарноста“. Што е за тебе Силјан Штркот? И колкава е одговорноста да се игра пред детска публика?
Силјан е мојата прва главна улога, да не речам, а ќе речам, со него изгубив невиност. 🙂
Одговорноста да се игра пред деца за мене е иста како и пред која било публика.

Што би им рекол на режисерите?
На театарските режисери би им рекол: „Нема компромис во театарот“, а на филмските: „Доста други ви кажуваат кој да ви игра по филмови“ (мислејќи на продуцентите).

Препорачувам:

Три книги:
„Малиот принц“
„Зоки Поки“
„Пајажината на Климентина“
(бидејќи некој ни овие ги нема прочитано) 🙂
 
 Три филма:
„Team America“
„9 dollars and 99 cents“
„In the name if the father“

видео и монтажа: Дејан Сајковски