Зафир Хаџиманов- ветерот во македонскиот евергрин

…Нека биде светло небото на македонскиот шансониер…

Човекот, виолинскиот клуч на македонските забавни песни, маестро Зафир Хаџиманов, почина како последица на борбата со Ковид 19, на 27-ми Март 2021.

Зафир својот живот го посветил на родољубието, можеби онаму каде запрел Марко Цепенков, тој продолжува, но со фолклорно ориентираната музика. Низ животниот век, успева да евидентира над 5 000  записи од македонски изворни песни, некои од нив и да ги репродуцира во традиционален мелос. Тој е златната плоча на југословенскиот музички грб.

Покрај својот еминентен патоказ што се однесува на музичката струја, тој го негува и поетот во себе, автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Народен пејач“, „Пес-пејачка“ и „Брат“, издадени и преведени на македонски и српски јазик. 

Роден е во Кавадарци, 1943 година. Син е на Васил Хаџиманов, етномузиколог и педагог по вокација, почетник на наследната верига на музички преродбеници. Патот кон неговото школување, започнал и кратко прекинал, најпрво на Белградскиот Фармацевстски факултет, а подоцна се запишува на Вишата педагошка школа, во Скопје, отсек музика. Иако останува запаметен како одличен текстописец и изведувач, неговата диплома на Драмскиот факултет, е таа која му носи неколку главни улоги во познати филмови, меѓу кои и  „Македонска крвава свадба“и „Нож“.

Неговиот познат винил албум „Зафир пее-Македонија пее“, во 2020 година доживува републикација од страна на издавачката куќа „Југотон-Кроација Рекордс“. На албумот се наоѓаат десеттина авторски дела, шансони и балади, кои се компонирани врз стиховите на големите поети: Блаже Конески, Константин Миладинов, Кочо Рацин, Ацо Шопов, Радован Павловиќ, Десанка Максимовиќ, Душко Радович, Милош Црњански и Брана Црнчевиќ.

Зафир Хаџиманов бил награден и на „Струшките вечери на поезијата“ во 1975 година. Добитник е на годинешната актерска награда  СНП и Специјална повелба за високи одликувања во светот на глумата, Награда за животно дело на манифестацијата организирана од „Радио Буба Мара“. Но неговото најголемо наследство е синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар, кој неуморно продолжува да се пробива во светот на сентишот, суптилно отсвирени трубадури под влијание на етно звуците.

Зафир Хаџиманов е македонскиот бог на ветерот, на бранувањата во лирско допрените песни, извадени од тефтерот на еден романтичар, кој живееше за да твори.

„ Многу дни пребродивме ние
како чун на немирно море
насмеј се на ветрот што бие
љуби ме и главата горе,
насмеј се на ветрот што бие
љуби ме и главата горе.“

автор: Јована Матевска Атанасова