Автобуска станица која здодевното исчекување го претвора во пријатен одмор

Автобуската станица наречена „Станица на постоење“ која се наоѓа во Умео, Шведска е место каде што патниците можат „само да бидат“. Нејзината цел е да го претворат студеното и здодевно исчекување во неочекуван, пријатен одмор. Станицата е проект на бироата RISE од Шведска и Rombout Frieling Lab од Холандија.

„Паметната автобуска станица го претвора досадното чекање во доживување на сегашниот момент“, вели Rombout Frieling од истоименото биро.

Висечки, скулптури направени од закривено дрво станале го покануваат патникот да се потпре и да се релаксира, истовремено обезбедувајќи засолниште од ветрот. Пријаниот материјал од дрво пружа поддршка и удобност, а исто така висечките скулптури „прпуштаат“ машини за снег ефикасно да ја исчистат станицата.

Исто така, автобуската станица, а не патниците,„внимава“ на автобусот кој ќе пристигне. Паметен плафон со светлина и звук им дава на патниците на знаење дека автобусот се приближува. 

извор: Порта 3