Датум за паметење

05.05.1990

Таа саботна вечер во култниот клуб “SKUC” во Загреб е одржан групен концерт со име “Kontravizija”. Настанот е реакција на југословенската музичка алтернативна сцена на одржувањето на Евровизиската централна манифестација, која се случува истиот ден во истиот град – Загреб. На концертот се појавува елитата на тогашната југословенска сцена: “Disciplina kicme”, “Skol”, “SCH”, “Lidija Bajuk”, Del arno bend”, “Diesel”, Shanev pirati”, “Haustor”, “Sexa”, “Gas Max”, австралијанците “Walking Seeds” и помеѓу нив и големата надеж на Југословенската сцена, македонскиот рок-бенд Архангел. Овој настан се случува кратко по објавувањето на нивниот деби албум, но почнуваат воените случувања во Југославија, па планираната голема југословенска турнеја на Архангел ќе биде откажана. Единствените промотивни концерти ќе бидат овој и скопскиот, две недели претходно.

05.05.2004

Финална вечер на 22то издание на најдолговечната манифестација која им посветува внимание на македонските демо бендови – Rock Fest. За прв пат таа година, и квалификациите и самото финале се случуваат во клубот Вулкан. Таа вечер победник ќе биде младиот скопски ска состав Таратур а Сашко Бранковски од Струшкиот бенд Decadence ја добива гитарата како награда за најдобар инструменталист на фестивалот. За време на формалниот дел на пребројување на гласовите и носење на одлука за најдобрите, публиката ја анимира победникот од претходната година, Crismon Sunrise. Покрај споменатите, финалната вечер ја уприличија тетовскиот состав Punx и скопските Палаваковци, Fusnota и Vinterthrone.

05.05.2017

Хрватскиот издавач “Geenger Records” го објавува, како винилно издание, албумот на Љубојна, Љубојна Via Битола – Битлси Via Љубојно. Името на винилната верзија на материјалот ќе биде променето во Radio Luboyna а аналогно на тоа сменето е и името на бендот, во Luboyna. Промени ќе претрпи и самиот омот на албумот. Ова е прво и за сега последно винилно издание на Љубојна, истовремено и прво македонско ворлд мјузик издание објавено на грамофонска плоча

извор: Македонски рок времеплов