Концертите во Кинотека продолжуваат со Амира во Арена

Денес, 22. јули со почеток во 20:30 часот во Кинотека на Р.С. Македонија – на летната сцена „Мирно лето“, во рамките на серијалот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ ќе се емитува концертот на „world-music“-дивата Амира Медуњанин, одржан во пулската Арена на 3. август, 2018 година.

Во импресивниот амбиент на Арената, со Амира на сцена беа и врвните музичари – Бошко Јовиќ (гитара), Анте Гело (гитара), Бојан Зулфикарпашиќ (клавир) и Звонимир Шестак (контрабас), како и гостите, меѓу кои и македонскиот музичар Исмаил Лумановски (кларинет) и Никола Стајиќ (електрична гитара).

Во репертоарот на концертот чија снимка трае цели два часа и три минути, се најдоа прочуените севдалинки: „Емина“, „Где си душо, где си рано“, „Што те нема“…, како и македонските традиционални песни „Ја излези, Ѓурѓо“, „Ој ти момче, Охриѓанче“, „Си заљубив едно моме“, но и еден рокенрол-класик, за кој Амира вели дека е чист севдах – „Ако знаш било што“, од перото на легендарниот Џони Штулиќ и репертоарот на „Азра“.

Техничката екипа која работеше на снимката, објавена на ова „Blu-Ray“-издание на „Croatia Records“, кое што овој четврток ќе биде прикажано во рамките на циклусот „Концерти во Кинотека…“, ја сочинуваа:
– видео и аудио продукција: Ведрас д.о.о.
– тон мајстор: Оли Јакобс
– мониторинг: Роберт Ројц
– систем дизајн: Еди Степчиќ
– светло: Урбан Колариќ
– микс и мастеринг: Горан Мартинац, Croatia Records Studio
– продуценти на снимањето: Николина Мазалин и Рајко Павловиќ
– сниматели: Марино Гргурев, Роберто Остони, Мани Пластиќ, Марко Рачан, Вања Станковиќ, Жарко Сушац, Јелена Шиндија, Хрвоје Рамаѓа
– „Jimmy-jib“ оператори: Мирза Новалија, Харун Новалија
– „Steady-cam“ оператор: Теди Грубиќ
– „Cable-cam“ оператори: Игор Бурловиќ и Домагој Штоковиќ
– тонски техничар: Ален Перушко
– миксер на слика: Оливер Пасторчиќ
– монтажер: Иван Штифаниќ
– асистент на продукција: Лина Долар
– режија: Кристијан Бурловиќ и Борис Пластиќ
– производство: МедВид продукција за Croatia Records
– музички продуценти: Анте Гело и Горан Мартинац
– „Blu-Ray authoring“: Марио Календариќ.
– уредник на изданието: Домагој Шиљег.
– за „Croatia Records“ – Желимир Бабогредац.

Програмата „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ стартуваше на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, па продолжи со концертите на Јосипа Лисац и Раде Шербеџија, додека следниот четврток (29-ти јули), ќе биде прикажан и последниот концерт од овој неформален серијал, инаку дел од богатата „BLU-RAY“ програма на дискографскиот гигант, кои, според сензибилитетот, одговараат на местото и на времето – станува збор за концертот на музичкиот волшебник „J.R. August: Live in Hrvatski Glazbeni Zavod.

Доколку вденес заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа, а влезницата е повеќе од симболична – 100 денари. Стартот на проекцијата е во 20:30 часот.