Театар Златен Елец со премиера наШапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“

Викендов што измина, односно петокот и саботата, Театарот Златен Елец имаше предпремиера и премиера на претставата „Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева.

Вистинско уживање во претставата како таква, но и во видливиот ентузијазам, желба за работа и нескротлива бунтовност со која се победуваат сите неприлики, па дури и пандемијата која предолго е изговор за повлекување чекор назад и ускратување на уживањето во културата.

Претставата е огледало на малиот човек со сите негови стравови и инстинкти, болки, но и желба за живот во едно. Специјалист во тоа да ја провоцира и шокира публиката, Ханох Левин ни презентира безмислостна дисекција на основните вредности на нацијата и државата. Оваа црна комедија, преку различни скечеви и апсурдни ситуации раскажува за парадоксот на денешното постоење. Ликовите исправени на работ на егзистенција, свесно ги исмејуваат животните неправди и системскиот апсурд и со достоинство се противставуваат на болката причинета од соочувањето со светот. Како резултат од хаосот низ светот со неговите капиталистички вредности и консуматорство, ликовите ја губат генералната смисла и се оставаат на задоволството од малите работи што ’живот значат‘. Затоа и нашата претстава е панк-рок кабаре кое се бунтува против статуквото на апсурдните случувања околу нас и со песна му се насмевнува на животот. – вели режисерката Ана Батева.

Ова беше процес што сите ќе го паметиме, најпрво поради оваа голема соработка за Театар Златен Елец со СПАМ СТУДИОС кои ги следат светските стандарди. Ана Батева прв пат режираше во Скопје, таа е прекрасна и многу талентирана, Стефан Здравески пак беше композитор кој направи музика која ќе остане и после животот на претставата. Животот е еден и единствен не смее да биде досаден – вели еден стих од песните што се пеат низ претставата, токму оваа реченица е онаа која не испровоцира нас како актери да ги извадиме неколкуте карактери кои ги направивме. – вели Бобан Алексоски, актер во претставата и дел од Театар Златен Елец Скопје.

Ова е петта премиера на театарот, во постоење од една година.

Претставата е соработка на Театар Златен Елец со СПАМ Студиос од Бугарија.

Финансирана е од министерството за култура на РСМ.

Премиерата се случи овој викенд во МКЦ, а претставата продолжува да се игра од септември на истата сцена

ШАПКА, ЧОКОЛАДО, АНУС И УШТЕ НЕШТО

по ХАНОХ ЛЕВИН

превод: Иван Калошев, Ана Батева

сценска верзија и режија: Ана Батева

музика: Стефан Здравески

играат: Надица Петрова, Бобан Алексоски, Димитрина Мицкоска, Григор Јовановски, Миа Кантарџиева, Давид Илиќ

дизајн: Христо Христов

И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм.

Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред.

Тој ден човек ги прифати сите негови стравови и со насмевка се соочи со смртта.

Тогаш се препушти на инстинктите и даде старт на нов свет, со свои правила и принципи.

Тогаш смислата доби ново значење, а волјата за живот стана водилка.

Така група артисти се качија на сцената и со песна и хумор му се спротивставија на апсурдот