Магија во Куршумли ан

Вчеравечер, во Куршумли ан, се одржа фантастичен концерт кој уште еднаш потврди дека музиката е непогрешлив избор за, барем на кратко, да се ужива во чувството на сплотеност со културата, спокојот и уживањето.

Џез гитаристот Тони Китановски, заедно со музичарите Абас Јахјаи, Владимир Крстев, Техемана Лазар, Ајдин Јахјаи, Виктор Филиповски и Асан Рашид приредија вистинско музичко уживање преку настап на кој доминираше фузија на world музика со jazz елементи.

Во налетот на бурата која раѓа паника и влече кон вителот на безизлезноста, Тони Китановски и фантастичните гости со кои ја делеше сцената, уште еднаш достојно ја презентираа ползата од квалитетната музика која дефинитивно пленува со моќта да не повлече нагоре , фокусирајќи не на ведрина и позитивни мисли.

Концертот кој беше во организација на Баги комуникации е во рамките на проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“, во чест на 30-годишнината од независноста на државата.