Eames Elephant – љубезното животно со гордо истакнати уши на Чарлс и Реј Имс

Американскиот брачен пар, славните дизајнери Чарлс и Реј Имс создале серија предмети на мебел и скулптури од шперплочи.

Како технички најголем предизвик се покажал дводелниот слонот поради неговите тесни сложени кривини, а парчето наречено Eames Elephant никогаш не отишло во сериско производство.

Еден прототип, кој бил подарок за 14-годишната ќерка на Чарлс, Луција, позајмен е на Музејот за модерна уметност – MoMA во Њујорк за изложба во 1946 година. И денес е во сопственост на семејството Имс.

Италјанската компанија Витра во 2007 година го произведе Eames Elephant во ограничено издание. А скулпторската декоративна фигура со висококвалитетен фурнир во американска цреша е достапна од 2017 година.

Пред неколку години, Eames Elephant во помала и поголема верзија е лансиран и во пластика, што го прави достапен за оние за кои и беше наменет – децата.

Eames Elephant, љубезното животно со гордо истакнати уши ги воодушевува и децата и возрасните. Без разлика дали е елегантен дрвен предмет за дневната соба, робусна пластична играчка за детска соба или како мала украсна фигура на животно.

Повеќе на Порта3