Монодрамата ,,ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ вечерва ја има својата премиера 

Монодрамата на Александар Микиќ  ,,Торонто Експрес “вечерва ја има својата премиера  во Македонскиот Народен Театар , која е во режија на актерот Јордан Симонов .      

Претстава која за миг не носи во едно за нас поинакво општество и ни ја претставува реалната слика за тоа каде сме ние и како свесноста за едно здраво општество е обврска за промена која лежи во секој од нас.

По мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов – Ѕоф

Режисер: Јордан Симонов

Адаптација на текстот: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов

Игра: Александар Микиќ

Извршен продуцент: Виктор Рубен

Сценограф: Мартин Манев

Костимограф: Роза Трајческа – Ристевска

Графички дизајнер и дизајнер на плакат: Кристина Јорданова

Асистент на режисерот: Деспина Тодоровска

Фотограф: Кире Галевски

Инспициент: Александар Рајковски

Суфлер: Тања Ивановска

Реквизитер: Боби Ѓелиќ

Светло – мајстор: Игор Митревски

Тон – мајстор: Стефан Михајловски

Гардеробер: Скендер Бериша

Декоратери: Саво Ивановски, Хусеин Халили и Дурмиш Сефер

„Торонто експрес” е агенција за помош при емиграција во Канада. Целта на работењето е да се врбуваат сите Македонци со што колективно би се иселиле во ветената земја.

Агенцијата е раководена од генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски признат експерт во убедување како да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет. Програмата и презентацијата се подготвени од Зоран Спасов Sоф, претседател на одборот на македонското комјунити. Во замена за оправдано отсутниот презентер Митре Стрелата, оваа мисија во последен момент му е доделена на Александар Микиќ – презентер без грам искуство. Во подготовка на прекуокеанскиот ивент активно учествуваа и проект-менаџерот Виктор Рубен, коментаторот Благоја Бошковски и ПР-експертот Деспина Тодоровска. Од македонска страна непроценлив придонес дадоа Рале (сопственик на продолжен кабел), Мартин (гуру за Пауерпоинт), како и една плавуша за која никој не знаеше што работи. И покрај тоа што целата екипа наликува на дружината на Алан Форд, сепак работи рентабилно и постигнува огромен успех.

Т’гата на Вале

Гарантно писмо в џеб да си метнам,

и за Канада да му ја летнам!

На гурбет далечен ја да си идам

па ак’ требит и пингвин ќе бидам.

Да видам дали политика и тамо

малтретира народ како и вамо.

Овде је мрачно и мрак м’обвива

и многу ѓубре земјава покрива.

Бараби, шмизли и полни пепељари,

и пилешко шо немојт да се сварит.

Околу м’гли и несреќни лица

и седумсто денари фамиљарна пица.

З’ш знам дека Божо е ко нафора добар

и можит да работат чак и ко собар.

На Дискавери стално така си глеам

и под мустаќ сама се смеам.

Снег погледниш или планина,

сегде смрзната је хубавина.

Не, ја не можа веќе чорапи да крпам.

Не, ја не можа веќе ова да трпа!

Она шо ми идат в мислава моја

е да кажа Чао на татковинава своја.

‘Бати Охрид, ‘бати и Струга

нишчо немет, дури ни пруга.

Времетраење: 75 минути без пауза

Билетите се достапни на веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ