“Ареа” со објава на нова песна најави дека спрема нов албум 

30 години “Ареа” не се само бројка која одбележува постоење, туку симболизира култура, рок музика и енергија која е запаметена и класисифицирана како исклучителна и неповторлива од широка маса на неколку генерации.


За среќа на сите нас, пристојната бунтовност и креативната моќ на “Ареа” не стивнуваат, па во овие магливи денови во етер се појави нивната најнова песна, како најава за нов албум кој ќе се појави наскоро. 

“Ангелу мој” е насловот на оваа рок блуз балада која неминовно се доживува како освежување и ветер кој носи оптимистички вибрации.
До официјалното запечатување и објава на албумот, уживаме во “Ангелу мој” која можете да ја преслушате на слениов линк: AREA – Angelu moj (Official Audio 2022)