Конкурс за оригиналнo прозно дело  за деца од 10 до 15 години

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело  за деца на возраст од 10 до 15 години

Пријавените книжевни дела (роман, новела, подолг расказ…) треба:

• да имаат наративна форма

• да имаат најмалку 30 компјутерски страници

• да бидат наменети за деца од 10-15 годишна возраст

• да бидат напишани на македонски јазик

• да не биле досега објавувани

Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, достеливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до (10 Мај 2022)  на следната е-мејл адреса: citackimaraton@gmail.com   (со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за деца)

За наградата ќе одлучува тричлечна стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до (10.06.2022). Тричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.

Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литература за деца од оваа возраст.