Во името на љубовта – кон тетарската претстава „Сара“ во режија на Елеонора Теова

На 17 мај во театрот Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе се случи еден чудесен настан. Таму длабоко ќе одекнат звуците на животот, оној што се случува и поминува низ нашите очи, оној кој што одамна останал празен, однесен од виорот на трагичното чувствување, во не знаењето дека не постојат граници на љубовта и ќе се запрашаме, чуму бегствата од само навидум “среќниот брак” во мигот во кој што живееме?

Каде денес го изгубивме кормилото на вистинските вредности, на вистинската љубов, на тишината и хармонијата во љубовта? Денес се нешто нарекуваме со тоа име. Денес ги живееме деновите на најголемата темнина внатре човековата душа. Љубовта како љубов кон душата на човекот, како безусловна и безгранична во ова време е непозната. Влеговме во големата духовна ладнотија. Опкружени сме со темнината и копнежот за Бога без да сме свесни за тоа.  Но, одеднаш копнееме некој да ја види нашата душа, во тишината да ја разбере нашата болка, копнееме за некоја лојална и исполнета со љубов божествена креација, некој кој што ќе не сака заради самите нас и се ќе направи – во името на божествената љубов.

Но што е љубовта, таа е не осудување и давање без очекување. Но денес таа се извитопери во својата суштина и јаство, во оваа темна страна на времето љубовта помеѓу луѓето стана трговија и објективизација на точното дозирање во давањето и примањето. Љубовта стана бизнис. И не чуди фактот дека таа во овој материјален свет стана врзана со најниските страсти, таа стана трговија со најдуховните пориви на нашата душа. Што му недостасува на човекот, тоа е Бог на прво место и некоја душа што во тишина ќе го сослуша, душа која е лојална и има за нас безусловна љубов, некој да не прифати точно онакви какви што сме во исконот. Душа која ќе не сака без разлика на нашиот општествен статус, нашите успеси и падови, нашата финасиска моќ. Нам денес ние е потребна љубовта без материјалните вредности и преференции кои станаа неприкосновени во овој свет, а ја исклучија душата, духот и хармонијата во спокојот. Сето ова се замени со математички точното  морално проституизирање.

Како времето на убавината одамна да измина. Онаа убавина која што не спасува. Отаде и страдањето е неминовно. Зависиме од мислењата на околината и другите луѓе, но каде е душата која ќе го разбере нашето најдлабоко јаство? Каде е Бог во овој трагичен свет? Или поточно, зошто демонот а не Бог завладеа со нас?  

Во овој материјален свет љубовта се изопачи и доби некоја нова дефиниција. Можеме да крвариме одвнатре во тешката егзистенција, но однадвор ние мора да имаме навидум среќен брак, две деца, мора да глумиме среќно семејство. Но што е среќата? Среќата е кога нашата душа се прегрнува и љуби со другата. Велиме дека живееме во среќно семејство, а денес бракот личи на војна помеѓу двајца непријатели. Еднаш во животот ќе мора да отиме под површината и да му кажеме ДА на животот, оној кој одамна останал празен, оној кој што го живееме за другите, без да ја славиме убавината која не спасува. Бегствата, изневерувањата, пороците не се далеку од навидум или она што ние денес го нарекуваме среќното семејство. Денес живееме во семејство каде што секој за себе го живее животот. Другиот ни е само статусен симбол и не ги знаеме неговите духовни потреби. Душата во тоа “среќно семејство” е празна, тешка е и полна е со копнежи. А копнежот е болка од многу желби во недостаток на Бога во нашата егзистенција. Еднаш ќе треба да му кажеме и НЕ на животинскиот инстинкт на животот и да одиме на онаа страна на материјалниот и површен лажен перфекционизам. Денес се погласно го поставуваме и прашањето на егоизмот, нарцисоидноста и злото и дојдовме до осиромашување на духот каде што среќата ни е прикажана само на фотографиите во нашиот дом, или на социјалните мрежи. Добивме виртуелна среќа на грбот на душата и вистинската љубов. Денес го живееме животот кога среќа и радости имаме се помалку а ствари се повеќе, а душата ја забовравиме. Денес толку гордо го изговараме и она,  да луѓе сме и ништо животинско не ни е туѓо. Ние не се разликуваме во грабливоста и во егоизмот со нискиот ум на животните, но и дури и тие станаа посовршени од нас. Паднавме како човештво на испитот на свесноста која што ни е дар од Бога. Ја изгубивме душата низ маниризмот и порнографијата на животот, ката ден живеејќи за некои непознати луѓе кои воопшто не ги интересира како ние се чувствуваме одвнатре. Денес повеќе од кога и да е ни е потребен искрен пријател, некој со кого ќе ги поделиме сите наши стравови и соништа. Модерниот брак во  овој свет стана тема да се докажеме, покажеме и на крајот ако тоа го изгубиме, се на другиот да му наплатиме. Се случи самракот на вистината и ние веќе не знаеме каде таа почнува а каде завршува страдањето. И ние како Чехов на крајот се согласуваме дека знаеме колку одвратен и досаден станал нашиот живот и секој однос кој започнува заради нешто друго а не заради љубовта, тој веќе за миг се претворил во страдалничкиот сјај на овој мистичен свет, тогаш трагедијата силно чука на нашите врати.

Живееме во времињата кога сите вредности ја изгубија свјата вредност. Живееме во најголемата темнина онаа од која што несфатливо како но дојдовме и онаа во која ќе продолжиме во вечноста ако сега и тука не се пробудиме. Ова е времето на атеизмот и дарвинистичкиот селекционизам, на атеизмот што никогаш не оди сам туку се пројавува во триадата на анархизмот, нихилизмот и иморализмот. Веќе не знаеме што е добро а што е зло, збунети сме и дезоријентирани. Современиот човек тоне во дегенерација и самоуништување.

Денес душата трескавично крвари во овој изопачен свет. Таа крвари за тишината подалеку од трескотот и суровоста на секојдневието и копнее да се соедини повторно со Бога во љубовта. Денес човекот копнее за безусловната љубов, некој да не љуби заради сопствената душа, со целата лојалност и на тој начин да го љуби Бога.  Дури тогаш таму човекот ќе ја види божествената манифестација која не создаде и не доведе на земјата. Таму се копнежите човечки, а не љубовта она чиста и исконска да се вулгаризира заради сето она што е “вредност” во ова изопачено време.

Што ли денес не направивме во името на не – љубовта? Онаа која самите ние со нашата несовршеност и површност така ја нарекуваме? Љубов…

Дали само Сара можеше тоа да го види? И токму заради тоа таа мораше да биде засекогаш уништена во и од виорот на ова пеколно време.

Да во името на љубовта ние денес почнавме еден со друг да се истребуваме до смрт.

Сите овие духовни превирања внатре во нас не можеа да се остварат без маестралната режисерска палка на Елеонора Теова, авторката Катерина момева, сценографијата на Филип Коруновски  и без овие вонвремески и неповторливи играчи во актерството Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Зафирова, Самоил Стојановски и Славица Манаскова.

Проф. д-р. Мимоза Рајл

Директор на институтот за сценски уметности

Универзитет “Еуропа Прима” – Скопје