Доделени наградите на 56-тиот МТФ “Војдан Чернодрински”

Одлука на оценувачката комисија за доделување на наградите на 56-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Оценувачката комисија на 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав: Љупчо ЃОРГИЕВСКИ – претседател и членовите Бесфорт ИДРИЗИ и Сотир ТРАЈКОВ ги доделува следните награди:

НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Димитар Димитров за рекламниот материјал од претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА не се доделува.

НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Тримор Доми за музиката во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски за костимите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Вишња Вујовиќ за сценографијата во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Лидија Митоска Ѓорѓиевска за драматизација и адаптација во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Рефет Абази за текстот во претставата „ЈАЗЛИ“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Хакан Даци за улогата Јаша во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сара Спиркоска за улогите во претставата „ДЕКАМЕРОН“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,

НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска Јанкуловска за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Никола Пројчевски за улогите во претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Никола Ристановски за улогата д-р Томас Стокман во претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Бедија Беговска за улогата Љубов Андреевна Рањевска во претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје,

НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Ќендрим Ријани за претставата „АРТУРО УИ“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,

НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје.