Николас Кејџ и Педро Паскал ја предводат актерската екипа на филмот “Неподнослива тежина на масивниот талент” (The Unbearable Weight of Massive Talent), хумористична мета-комедија во режија на Том Гормикан, која моментално се снима во луксузниот хотел Аргентина во Дубровник.

Филмот ќе се снима во Дубровник 15 дена. Вкупно 412 филмски работници работат на продукцијата во Хрватска (од кои се очекуваaт 97 хрватски државјани) и околу 300 хрватски државјани да се ангажираат како статисти. Сервисната продуцентска компанија е Амбасада Студио од Дубровник, во сопственост на Ерика Милутин Дилер (Embassy Films).

Филмот го следи ликот на Николас Кејџ кој оптоварен со надминување на долговите, поттикнат е за пари да се појави на роденденската забава на мексикански милијардер, кој е голем фан на неговата работа и сака да сподели сценарио што го напишал со него.

Откако поминува време со човекот, ЦИА го информира Кејџ дека милијардерот е всушност крал на нарко-картел, кој ја киднапирал ќерката на кандидат за претседател на Мексико.

Најавено е и појавување на Квентин Тарантино.

Според неофицијални локални извори, најголемиот дел од снимањето ќе се одвива внатре во хотелот Аргентина и во неговата најблиска околина.