Меѓународниот фестивал за литература и илустрации за деца „Литера“ по вторпат, сосема оправдано потсетува на важноста од присуството на книгата во животот на децата, уште од нивна најмала возраста.

Од 14-ти до 18-ти Октомври, во рамките на второто издание на фестивалот, „Литера“ не води на патување низ времето потпомогнато од големиот илустратор Кондовски. Магичните илустрации на незаборавните книги за деца, „Зоки Поки“, „Белото Циганче“, „Алиса во земјата на чудата“, „Колибата на чичо Том“ се само дел од творештвото на Димитар Кондовски кои ќе бидат поставени во галериите во Мала станица и Даут-пашин амам.

Изложбата на илустрациите навистина претставува еден времеплов преку кој сегашните мајки и татковци ќе можат да се навратат на нивните омилени четива од детските клупи и да се потсетат на патувањата без граници. Едни игриви, весели, палави … онакви во кои светот е шарен и лесно се купува со два денари во локалната продавница, други пак полни со мака и немири кои ти ја исцедуваат крвта за парче леб но сепак немоќни за да ја засенат љубовта кон слободата и големото семејство.

Преку прегледот на ил

ПРИКАЗНАТА ЗА ЗОКИ ПОКИ: Како настанала култната детска книга?

устрациите од големиот Кондовки, кои се длабоко врежани во сеќавањето на секој кој ја зел книгата во раце, одново ќе се насмееме со Зоки Поки, ќе се расплачеме со Таруно и Баба Мулон и ќе се потсетиме на животните лекции од Алиса никогаш да не престанете да сонувате и да верувате дека не постојат невозможни нешта.

Емил Алексиев ќе рече: визуелната уметност е едно од најмоќните средства за комуникација. Таа може да восхити, да вознесе, да предизвика, да поттикне, да отвори нови видици. Таа овозможува да го видиме светот поинаку, надвор од ограничениот простор на навиките и секојдневниот привид.

Затоа оваа изложба е совршена можност новите генерации со истиот времеплов да ѕирнат барем на кратко во иднината и можеби да се видат себеси како идни илустратори кои ќе ги красат страниците на некои нови книги за деца.

Вечерва во „Мала станица“ се отвора изложбата на илустрации на доајенот на  македонското сликарство Димитар Кондовски - Република

Токму затоа, во насока на приближување на оваа уметност до децата, ќе бидат одржани и едукативни работилници за деца предводени од искусни илустратори со чија помош децата ќе можат да се запознаат со творештвото на Кондовски, цртањето, но и самите да создадат илустрации за сопствените приказни и запловат во светот на креативноста од каде несомнено потекнуваат. Будењето на креативната и емоционалната интелигенција на децата, особено преку цртањето, веселите бои, но и читањето е една од мислите водилки за организаторите на фестивалот „Литера“. Според нив, на ваков начин децата ја добиваат слободата да излезат од конвенционалното и да се ослободат од општествените стеги. А како тоа подобро да се направи отколку со слики. Со една илустрација, да се долови душата на една книга.

Имено, во рамките на фестивалот, на 16-ти октомври во просториите на „Europe House“ во Скопје ќе биде организирана и дебата за значењето на детската илустрација насловена „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“, а ќе бидат промовирани и нови изданија. На последниот дел од изложбата, на 19-ти октомври, повторно во просториите на „Europe House“ во Скопје, ќе бидат доделени и трите награди за најдобрите македонски публикации помеѓу две фестивалски изданија, за најдобра детска книга, за најдобра илустрација и за најдобро издание во целина