Посетителите и изведувачите на Скопскиот џез фестивал годинава имаа можност одблиску да се запознаат со ТЕОХАРОВ АУДИО – единствениот македонски бренд за производство на High End аудио опрема.

Почитувајќи ги просторните можности во холот на Националната опера и балет, Теохаров аудио беше совршено визуелно и звучно добредојде кое никого не остави рамнодушен.

Звукот на музиката која се слушаше пред почетокот на концертите, на паузите и по нивното завршување беше вистинско уживање за посетителите кои не ги криеја своите задоволства од слушнатото.

Нема сомнеж дека организаторите на фестивалот препознаваат и почитуваат вистински вредности. ТЕОХАРОВ со својот пристап ги задоволува високите светски стандарди за квалитет и претставува совршено надополнување на интернационалниот карактер на Скопскиот џез фестивал.

автор: бон&бона