По емотивниот концерт на импресивната Silvia Perez Cruz, и фантастичните настапи на двете македонски групи, Добрила & Дориан Дуо и Баклава, сцената на македонската филхармонија е резервирана за уште еден дует кој ќе го затвори овогодинешното, 19 издание на ОФФест.

Денес, со почеток во 19 часот величествениот мајстор на иранското ќемане Kayhan и турскиот виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan, со помош на екстатични ритми и сензуални мелодииќе не поведат во кралството на трансот. Kayhan е брилијантен музичар од курдско потекло, којшто се смета за клучна фигура во толкувањето на персиската музичка традиција.

Добитник е на Греми и актуелен носител на специјалната награда за животно дело на Womex, доделена „за мајсторство и виртуозност на каманче, за непрекината иновација и соработка, за создавање нови возбудливи музички јазици и за приближување на традицијата на персиската класична музика до ушите на целиот свет”.

Kayhan е длабоко уверен во неопходноста од зачувување на традицијата, едновремено оставајќи ја слободно да вдише нови и иновативни акценти. Соработниците ги бира внимателно, држејќи се најмногу до традиции блиски до својата, за како што самиот вели: да можат да украдат од мене, а јас да украдам од нив и да развиеме нов јазик заедно, нешто што порано не постоеше. ”

Меѓу бројните соработки кои ги имал, една од највпечатливите која го привлече вниманието на целиос свет е токму ова со Erdal Erzincan.

Нивниот заеднички албум “The Wind” беше објавен за ECM во 2006 година и оттогаш оваа соработка е непрекината и жива. Класичните музички традиции на Персија и на Отоманска Турција што ја инспирираат музиката на Kalhor и Erzincan имаат многу заеднички нешта, вклучувајќи го и древниот модален композициски систем познат како „макам“, а идејата за импровизација игра огромна улога во нивните духовно и емотивно моќни настапи. Нивната музика е преплетување на екстатичните ритми и сензуалните мелодични фрази. Резултатот е збир на инструментални композиции коишто се влеваат една во друга како едно континуирано дело, со нежно лебдечки премини во кои двата инструмента одекнуваат и импровизираат на различни фрази.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на MkTickets.

За оние кои не се во можност да ја почувсвуваат магијата во живо, обезбеден е стриминг за онлајн следење на концертот преку следните линкови:

facebook 👉 https://www.facebook.com/OFFest/posts/3509918729085811

youtube 👉 https://www.youtube.com/watch?v=3OeWlnDA5V8