„Огледало“ – Првата песна од новиот албум на Влатко Стефановски

Во услови и време кои се повеќе не притискаат да се затвориме, чепкањето по старите долапи е уживање кое освежува спомени и не втурнуваат кон пловидби низ себе си, ослободувајќи ги сите сетила и отворајќи нови погледи кои пак раѓаат фантастични дела.

„Огледало“ е една од драгоценостите кои Влатко Стефановски ја исчисти од заборав и ја постави како една од деветте песни на неговиот нов албум.

Истата денес е веќе во етер и може да се проследи на следниов линк: (https://www.youtube.com/watch?v=f21lVGtLaas)

Насловот на албумот е Taftalidze shuffle, веројатно како синоним за бескрајните шетања по улиците на Тафталиџе, оние низ кои е потрошен значаен дел од животот, оние кои креирале приказни што не се затворат туку напротив, се заокружуваат со отворање на нови и поубави.

Албумот е снимен во студиото Езотерија, а автор на сите 9 песни е Влатко Стефановски. Како гости на албумот се појавуваат неговиот син Јан Стефановски и Иван Кукиќ.

Во очекување на промоцијата на целиот албум која е планирана за крајот на месецов, длабоко се поклонуваме и уживаме во прекрасна музика.

автор:Бон&Бона