70-тите години се дефинитивно плоден период кога станува збор за музичките групи.

По прегледот на дискографијата на Леб и Сол, перото го наочуваме кон „Парни ваљак“ – група која зад себе остави материјал кој и денес е инспиративен и вреден за потсетување и преслушување.

Кога во 1975 година престана со работа “Група 220″, и истото време кога „Бјело дугме“ на големо жареше по цела Југославија, гитаристот Хусеин Хасанефеновиќ Хуса и гитаристот Јура Паџен, во соработка со Владимир Михаљеков Михо, одлучуваат да го формираат поп-рок составот Парни Ваљак, со идеја тоа да биде група – Загребска варијанта на „Бјело дугме“.

На групата се приклучуваат Златко Миксич Фума како басист, Аки Ракимовски како пејач и Сречко Антониоли како тапанар.

Бендот веднаш се зафаќа со креирање на лесни хитови кои наидуваат на жестоки критики пред сè поради баналните текстови и наводна кражба на мелодии.

Во 1976 година го издаваат својот прв албум со наслов „Доџите на шоу“ чиј материјал го компонираат Хус, Аки и Паџен. Иако албумот не нуди висок квалитет, за медиумски живот се изборуваат песните „Пренела ме мала жедног преко воде“ и „Доџите на шоу“.

Следниот албум со наслов „Главом кроз зид“ од 1977 година, спакуван во омот од стрип на Игор Кодеја, ја повторува музичката формула, покажувајќи го повторно недоволниот квалитет и актуелност. Баладите „Црни дан“ и „Ноч“, како и нешто побрзите „Кравата око врата“ и „Лутка за бал“ се песните кои се издвојуваат.

Во 1978 година, Хус и Аки се приклучуваат на армијата па бендот паузира со работа. За време на таа пауза Јура го напушта бендот и ја формира групата „Аеродром“. По враќањето на клучните членови во бендот, “Парни ваљак” продолжува со работа заедно со Џони Штулиќ. Иако соработката со Џони трае само 2 недели, инексијата од Џониевата енергија остава силен впечаток на Хус, па следните изданија имаат сосема поинаков вкус, токму оној кој недостасуваше за да се издигнат над просечноста и вешто да се истргнат од нападите на критиката.

Во 1979 година на бендот се приклучуваат Иван Пико Станиќ (тапани) и гитаристот Зоран Цветковиќ Зоц. Истата година го издаваат третиот албум насловен Градске приче, снимен во Милано, во продукција на Валентино Магони. Со влијанието кое го внесува Станиќ оваа плоча вешто се качува на возот на новиот бран а претходната соработка со Штулич е одбележана со обработка на неговата песна „Јаблан“. По успехот на овој албум, “Парни ваљак” објавува и негова англиска верзија за странски пазар под наслов City kids кој не постигнува голем успех а денес многу тешко се наоѓа.

Крајот на 1980 година го издаваат својот следен албум „Вруче игре“ со кој конечно се покажуваат во вистинско светло и се исфрлаа во прв план. Како позначајни од овој албум се издвојуваат песните „Неда“, „Јави се“ и „Она је тако проклето млада“. Хус уште еднаш му се оддолжува на Штулиќ со преработка на неговите „Кад Мики каже да се боји“ и „Не ударај ме ниско“.

Долгоочекуваниот успех кај публиката и критичарите, Хус и Аки го користат за рафално издавање на нови плочи.

Крајот на 1981 година го издаваат албумот „Време је на нашој страни“ во продукција на Хус а снимена во Шведска. Од ова издание како хитови се издвојуваат „Као ти“, „Стачка“, „Моје дневне параноје“ и „Девојчице не“.

Во 1982 година во продажба излегува дупдо издание со наслов „Концерт“, а веќе следната 1983 година стигнува албум со наслов „Главном улицом“ за кој авторски се искажуваат Милошев и Кукуриќ. Единствена новост во однос на веќе поставената патека е воведувањето на дувачки инструменти. По објавувањето на овој албум, Милошев оди во ЈНА, а на концертите го заменува Ведран Божиќ. Милошев се враќа во Парни Ваљак веќе за следниот албум со наслов Ухвати ритам запишувајќи се како автор на песната Поново сам. На овој албум објавен 1994 година, како пратечи вокали се јавуваат Бајага, Дражен Врдољак и Дејан Чукиќ.

По издавањето на компилацијата “Парни ваљак” веќе следната 1995 година, го издаваат албумот “Покрени се”. На таа плоча гостуваат Маргита Стефановиќ од бендот Екатарина Велика, Мирослав Седак Бенчиќ и колегата од групата 220, Драго Млинарец, а Хус го отпеа главниот вокал во песната „Стјим веч сатима“. Во 1986 година, тие издадоа друг албум во живо, наречен „E = mc2“, и со нив свиреа Зоран Цветковиќ – Зок и Тони Остојиќ.

Веќе 1987 година на ред доаѓа албумот Анџели се доsаџују”. Баладата Јесен у мени со дискретен впечаток на фолк беше ударен хит на албумот. Овој албум е промовиран со истоимена турнеја од која Југотон издаде VHS плоча наречена „Концерт“, снимка од концерт одржан во Домот на спортовите во Загреб на 23 декември 1987 година.

На почетокот на мај 1988 година, Хус објави пауза, па по неколку месеци бендот се враќа во нов состав на кој му се придружуваат Зорислав Прексавец – Прекси како басист и тапанарот Дражен Шолц. Новиот состав го снима албумот „Сјај у очима“ на кој „Моја је пјесма лагана“ се издвојува како највпечатлив хит. По објавувањето на плочата, Зок заминува во Лондон, па неговото место го зазема саксофонистот Бруно Ковачиќ.

На почетокот на 1990 година, групата го издава албумот „Ловци снова“ кој наслов е добиен од книгата Хазарски речник на Милорад Павич. Овој албум ги носи хитовите „Године пролазе“, „Сузама се ватре не гасе“, „Има дана“ и „Само сан“.

Петнаесетгодишната од своето постоење ја прославуваат со концерт во Загрепскиот Дом на спортови.

Веќе во 1991 издаваат компилациско ЦД “Пусти нек траје” како и третиот концертен албум насловен „Свих 15 година“.

По двегодишна пауза, во 1993 година го издаваат албумот Буџење за кој добиваат дури седум награди Порин. По повод овој албум, одржуваат промотивен концерт, повторно во загрепскиот дом на спортови, пред 15 000 посетители на кој гостува и Дадо Топиќ.

Во 1995 година, во загрепскиот театар за млади, придружувани од голем број на гости музичари го снимаат акустичниот албум Без струје кој наидува на одличен прием кај публиката и беше продаден во повеќе од 73.000 примероци.

Септември 1997 година е објавен албумот со наслов Само снови теку изводно. Објавувањето на овој албум го следи амбициозна промотивна кампања па во еден ден, со авион успеваат да ги посетат Пула, Риека, Осиек и Загреб.

По повод веќе 25 годишно постење, во 2000 година, кога се мислеше дека групата е пред распаѓање, тие го издаваат албумот Заставе на кој како хитови се издвојуваат песните Заставе, Мјењам се и Вјерујем у љубав. Истата година е издадено и првото ДВД наречено 25 години кое содржи материјал од концерт одржан на 2 декември 2000 година во загрепскиот дом на спортови, на кој свиреа голем број поранешни членови на групата – Зоран Цветковиќ-Зок, Бруно Ковачиќ, Јурица Пачен, Паоло Сфечи, Среќко Антониоли и Пико Станчиќ.

Следната година групата снима уште еден албум чиј наслов е „Као некада/Live at S.C. на кој се заблежани настапите во живо од 31 мај и 1 јуни 2001 година. Како гости на овие концерти се запишуваат: Драго Млинарец, Давор Гобач, Нина Бадриќ, Клапа Шуфит и Оливер Драгојевиќ.

Следно издание на Парни ваљак е студискиот албум насловен „Претежно сончево“ издаден 2004 година на кој се забележани новите песни на Хус.

Една година подоцна, беа објавени две компилациски изданија со најголеми хитови – „Концентрат 1977-1983“, „Концентрат 1984-2005“ и ДВД со снимка од концертот во ЗКМ од 1995 година под наслов „Без струје Live in ZeKaeM.

Во пресрет на 2006, односно на 20 декември 2005 година, на плоштадот Бан Јелениќ го одржаа концерт со кој ја прославија и 30 годишнината од своето постоење но и го најавија споразумното завршување со работа.

автор:Бон&Бона