Денес, 23 и утре, 24 ноември, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите фотографи, чија инспирација отвора нови хоризонти на дигитална и модерна уметност.

Skopje Photo Week е петти по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент(Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа под името ISPV – International Summit of Photographers & Videographers, но овој пат сме со ново име и концепт – Skopje Photo Week (#SPW2020).

“Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него.

Сега ја имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата” – велат организаторите на настанот.

Предавачи и панелисти оваа година ќе бидат:

Томислав Ѓеорѓиев – Фотограф

Ани и Дими – Фотографи

Горан Папатанасович / 3D Baba – Кинематограф

Two Clicks – Фотограф

Влатко Рафески – Фотограф

Кристијан Теодоров – Кинематограф

Почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД-19, овој есенски самит ќе биде реализиран во дигитален онлајн формат.

Сите заинтересирани може да го следат настанот во живо, а учесниците бесплатно да се регистрираат на  https://www.facebook.com/ events/407702710250436/

За време на настанот, ќе има и конкурс за избор на најдобра фотографија.