Depeche Mode е англиски бенд, кој го носи името на популарното француско модно списание. Оригиналната постава на групата се состоеше од Дејв Гахан (главен вокал, повремено текстописец од 2005 година), Мартин Гор (клавијатури, гитара, вокал, главен текстописец по 1981 година), Енди Флечер (клавијатури) и Винс Кларк (клавијатури, главен текстописец од 1980 до 1981 година). Depeche Mode дебитираше на сцената на британскиот нов бран во 1981 година со „Speak & Spell“. Кларк го напушти бендот по објавувањето на албумот и останатите членови како трио го снимија „A Broken Frame“, кој беше издаден веќе следната година. Гор стана главен текстопис, а подоцна во 1982 година, Алан Вајлдер официјално се придружи на бендот за да го пополни местото на Кларк, поплочувајќи го патот за кариера што ќе трае во следните тринаесет години.

Последните албуми на бендот во 1980-тите, „Black Celebration“ и „Music for the Masses“ ги етаблираа како доминантна сила на мејнстрим електронската музичка сцена. Врв на ерата на Depeche Mode беше концертот на бендот во Пасадена Роуз Боул, каде што привлекоа толпа од над 60.000 луѓе.

Во следната деценија, Depeche Mode го објави „Violator“ кој постигна голем успех. Следниот албум „Songs of Faith and Devotion“ и придружната „Devotional Tour,“ ги влошија тензиите во групата и доведоа до можно распаѓање на бендот, кога Алан Вајлдер се откажа во 1995 година. Повторно како трио, бендот го издаде „Ultra,“ во 1997 година, снимен во екот на скоро фаталната злоупотреба на дрога на Гахан, алкохолизмот и нападите на Гор и депресијата на Флечер. Објавувањето на „Exciter“ ја потврди подготвеноста на Depeche Mode да останат заедно. „Exciter Tour“, што е нивна прва турнеја за поддршка на оригинален албум.

Depeche Mode имаше педесет песни на сингл листата во Велика Британија и тринаесет најдобри 10 албуми на топ-листите во Велика Британија, од кои две дебитираа директно на број 1. Depeche Mode до денес продаде над 100 милиони носачи на звук ширум светот, што ги прави еден од најкомерцијалните успешни електронски бендови и еден од најпродаваните музички уметници во светот. Магазинот Q ги нарекува „најпопуларниот електронски бенд на светот“ и го вклучи бендот во списокот на „50 бендови што го сменија светот!“ Depeche Mode исто така го рангира бројот 98 на „100 најголеми уметници на сите времиња“ на ВХ1.

Кога групата се формирала во Базилдон, околу 30 милји источно од Лондон, во 1980 година, поставата свирела поп-песни со лесна црта како „Just Can’t Get Enough“ и „Dreaming of Me“ со делови од клавијатурите на Алан Вајлдер. Подоцна примија влијание од блуз и елементи на хеви метал. Кога основачот член и оригинален главен текстописец Винс Кларк ги напушти Depeche Mode за да го формира бендот Јазу, Гор ги презеде должностите за текстопис и донесе потемен сензибилитет на групата.

Violator е првиот албум кој се продаде во милионски копии во Соединетите Американски Држави, а „Personal Jesus“ стана инстантен хит, прв по успехот на „People Are People“ во 1985. И вториот сингл „Enjoy the Silence,“ наскоро стана звучен и препознатлив рефрен.

Нивното влијание на хард рок музиката е евидентно со појавата на Violator, кој во тоа време се смести во психата на хард-рок и метал бендовите. Првиот забележителен хард рокер кој го пофали влијанието на Depeche Mode е Акл Роуз од легендарната Guns’n Roses.

Мерилин Менсон со задоволство се сеќава дека ги гледал Depeche Mode во Л.А. на нивната светска турнеја, а Морено од Deftones со гордост вели дека тоа бил првиот концерт што некогаш го видел. „Се борев да стигнам до бината, да бидам прв на барикадата“, изјави тој за списанието Rolling Stone. “

„Имам чувство дека тоа ме поттикна да сакам да правам музика, само со сведочење на нивната енергија. Тоа беше само нешто посебно, едно од најубавите и најголемите спомени од полнолетството“.

Гласот на Дејв Гахан беше секогаш привлечен за мене“, вели Бартон Бел, „Тој има глас што одекнуваше во длабока емоција и посветеност. Не се работи за тоа што пееше, но повеќе за тоа како го пееше, тоа навистина ме направи обожавател“.

Не е необично да се чујат вакви пофалби и епитети за Depeche Mode, ако се има предвид фактот дека тие се поразлични од сè што се случуваше во тоа време и токму тоа е она што ја привлекуваше публиката кон нивната музика и енергија. Единственоста на Depeche Mode е слична со онаа на Black Sabath. Тие докажаа дека не треба да се прави тоа што го прават другите. Дека треба да се следи сопствениот креативен импулс и порив-на овој начин Depeche Mode повторно „измислија топла вода“.

Привлечноста на Depeche Mode исто така, произлегува од острите, нерасположени, често лични текстови на Гор. Во првите две децении на метал музиката, најуспешните бендови, во голема мера, ги живееја своите фантазии во нивните стихови, но на почетокот на деведесеттите преовладаа нивните емоции и започнаа да пеат за реалниот живот.

Како и со истомислените групи Cure и New Order, Depeche Mode кон средината на осумдесеттите години ја промовираше речиси морбидната готска иконографија. Она што ги издвојуваше од нивните современици – освен поштедната употреба на гитара – беа раскошните пасуси на синтисајзер и ритмички звук со благи сексуални музички инсинуации. Сексипилот буди хипнотичко чувство, а кулминацијата ја постигнува со „Personal Jesus“ која буди дури и религиозното воодушевување кај нивните слушатели. Тоа е звук што продолжи да инспирира многу индустриски бендови, особено Nine Inch Nails и Ministry. За сето горенаведено, а и она кое не е кажано во овие редови, Depeche Mode беа примени во Rock’n Roll Hall of fame на 8 Ноември, 2020 година.

автор: МАНА