С – Семи Прајс ( 6 октомври 1908 – 14 април 1992) американски пијанист и водач на бенд, џез музичар вкоренет во стариот ритам и традиции на блуз и буги-вуги кои имале долга кариера како солист и придружник.

Прајс најпрво патувал како танчер пред да работи во бендови на југозапад и среден запад во текот на 1920-тите и 30-тите години. Тој се преселил во Њујорк во 1937 година, каде станал музички директор на „Дека Рекордс“. Таму ги надгледувал сесиите за снимање и честопати ги придружувал пејачите како Трикси Смит, Розета Тарп и Ела Фицџералд. Подоцна формира свој бенд, Тексас Блузичас, во кој извесно време биле вклучени саксофонистите Ајк Квебек и Лестер Јанг. Во текот на 40-тите и 50-тите години, Прајс снимал и како солист и со други музичари, вклучувајќи ги саксофонистот Сидни Беше, кларинетистот Мез Мезроу и трубачот Док Хитам. Прајс правел турнеја во Европа, работел со ноќни клубови во Далас, Тексас, организирал џез-фестивали во Филаделфија, се занимавал со политика во Њујорк и бил уметник во резиденцијата на Универзитетот Харвард (1985). Неговата автобиографија носи наслов Што сакаат тие? (1989).

Т – Тито Пуенте, роден како Ернесто Антонио Пуенте (20 Април 1923 – 31 Мај 2000), композитор и музичар кој бил еден од водечки фигури во латинскиот џез. Неговиот бравурозен учинок во шоу бизнисот и низата хитови на танцување мамбо во 1950-тите го крунисале со  прекарот „Крал на Мамбото“.

Син на доселениците од Порто Рико, Пуенте пораснал во шпанскиот Харлем во Њујорк и станал професионален музичар на 13 години. Студирал на Џулијард и научил да свири на голем број инструменти, вклучувајќи пијано, саксофон, вибрафон, и тембали (спарени тапани со висок тон). Свирел и во историскиот оркестар Мачито (латинска џез група со седиште во Њујорк основана во 1939 година), а за време на Втората светска војна тој служел во морнарицата.

Во 1947 година Пуенте формира свој бенд од десет членови, кој го проширил две години подоцна, вклучувајќи четири труби, три тромбони и четири саксофони, како и голем број на удирачи и вокалисти. Со другите латински музичари како Тито Родригез и Перез Прадо, тој помогнал во раѓањето на златното доба на мамбото, танц кој оригинално потекува од Куба; неговата заразна енергија и динамичното сценско присуство брзо го направиле ѕвезда. Како што растела неговата репутација, така се зголемувал и неговиот репертоар, преку додавање на други латино-афро-кубански ритми како што се доминиканска меренге, бразилска боса нова и кубанска ча-ча. Терминот салса првпат се појавил во 60-тите години на минатиот век, кога се користел за да се опише музиката што била стожер на репертоарот на Пуенте со децении. Иако салсата – како специфичен жанр – е вкоренета во кубанската музичка сцена, овој термин честопати се применува генерички на широк спектар на популаризирани латински форми на танцување, како што се оние изведени од Пуенте. Покрај неговите активности како водач на бенд и инструменталист, Пуенте напишал и многу песни, меѓу кои најпопуларни се  “Babarabatiri,” “Ran Kan Kan,” и “Oye Como Va”

Во текот на својата кариера, Пуенте снимил околу 120 албуми и одржал густ распоред на изведби, појавувајќи се со водечки џез музичари како Џорџ Ширинг и Вуди Херман, како и со многу sвезди на латинската музика, а во подоцнежните години, и со симфониски оркестри . Тој исто така настапувал во неколку филмови, вклучувајќи ги Radio Days  (1987) и The Mambo Kings  (1992) и бил одговорен за запознавање на американската публика со голем број латински музичари, пред се на кубанската пејачка Селија Круз. Пуенте добил пет Греми награди, како и многубројни почести.

автор: МАНА