Da Vinci of Debt уметничко дело со вредност од 470 милиони долари

Da Vinci of Debt е необично и најскапо уметничко дело на свет. Поставено во галеријата „Vanderbilt Hall“ на њујоршкиот музеј Grand Central Terminal, претставува 2.600 вистински дипломи обесени среде голема сала, кои изгледаат како да ги донел ветрот и хаотично ги распрснал.

Da Vinci of Debt ги илустрира неверојатните трошоци за факултетско образование во САД со уметничка инсталација направена од вистински дипломи. Во САД во просек четиригодишно факултетско образование изнесува 180.000 долари, па така ова дело составено од 2.600 вистински дипломи достигна неверојатна вкупна вредност од 470 милиони долари.

Дознајте повеќе на Порта 3