Работилница за креативно пишување со Александра Димитрова

Независно од условите кои ги живееме, креативноста, уметноста и творењето не смеат да згаснат. Таа слобода не смее да биде одземена, напротив.

Во насока на мотивирање за што почесто пристапување кон ослободување на личните пориви и фантазии и нивно претворање во креативно спакувани четива кои ќе донесат радост додека се читаат, Александра Димитрова, почнувајќи од 01 март 2021 ќе започне со online Работилница за креативно пишување.

Д-р. АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА магистрирала на катедрата за Македонска книжевност на Филолошкиот факултет и под менторство на професор Д-р. Кристина Николовска со магистерската теза со наслов „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“. Докторирала на катедрата за Македонска книжевност на Филолошкиот факултет и под менторство на професор Д-р. Кристина Николовска со докторската теза со наслов „ Аспекти на комичното во драмите на Венко Андоновски “.

Започнува да објавува песни 1998 година во списанието на студентите на Филолошкиот факултет „Мугри“, а подоцна и во списанијата „Lettre International“ и „Стремеж“.

Нејзината прва збирка под наслов „Вежби за правилно дишење“ излегува од печат во 2002 година од книгоиздателството Макавеј, Скопје.

Втората збирка ја објавува самостојно, во 2004 година, како дел од заеднички ликовно-книжевен проект со академската сликарка Марија Николоска Наневска, под  наслов „Јас-Ти“, поставен на 12 октомври 2004 година  во Музејот на Град Скопје.

Третата збирка, под наслов „Божица на подивените мачки“ ја објавува за Блесок, во 2008 година, а една година подоцна во истата издавачка куќа ја издава четвртата збирка со наслов „Во аквариумот на Барби“.

Во 2012 година Блесок ја издаде нејзината магистерска теза „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“.

Нејзината поезија е преведена германски јазик во електронското списание Словокулт и на англиски јазик во електронското списание Блесок.

Во 2009 била дел од проектот Word Express, во рамки на кој нејзината поезија била преведена на турски и српски јазик.

Александра Димитрова освен поезија пишува и проза, како и книжевна критика.

Автор е на блогот – www.bonbonce.blogspot.com, каде е објавен дел од нејзината поезија, како и на блогот https://booksrecomendedbysash.blogspot.com, каде се објавени нејзини критики на книги од познати светски автори.

Заинтересираните можат да добијат повеќе информации на: ФБ профилот

или на новиот блог