Шармантното гратче на лимоните – Ментон

Шармантното гратче Ментон со шарени згради и прекрасни плажи се наоѓа на француската ривиера на границата со Италија. Во средината на 19-тиот век, бил препознаен од богатите руски и англиски аристократи, кои овде доаѓале на одмор и терапија.

Ментон нуди можности за совршен одмор, а има и доволно содржини како што се музеи, историски важни згради, живописни улички, ресторани меѓу кои и еден со три Мишленови ѕвезди, како и свој „Фестивал на лимонот“. Лимонот е хит во Ментон, па имаат посебен вид на декорирање на садовите со делови од лимон, а фестивалот кој се одржува во средината на февруари е во целост инспириран од лимонот.

Дознајте повеќе на Порта 3