Битолскиот театар подготвен за премиерата на „Ноќта кога ја убив месечината“ 

Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Двата лика застанати на работ на нивното постоење, ги отвораат суштествените прашања за смислата на тоа постоење.

Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и копате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес.

Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги к злоупотребуваме, живееме во автоцензура и за предвреме се откажуваме од витинското битисување, осамени сме и изгубени  трчајќи по лажните вредности.  Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме да за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми?

Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее, најавува реќисерот Ѓорѓиевски

Претставата е работена по МОСТОТ од  Лорен ван Велтер

Адаптацијата и режијата се на Марјан Ѓорѓиевски, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а кореограф Валентино Апостоловски.

Главните улоги ги играат :

Александар Копања – АЗ (човек од висока класа)  

Марјан Ѓорѓиевски – БУ (човек од средна класа)

Валентин Светозарев – Просјакот  Премиерата ќе се одржи на 19.02.2021