Отворен повик за илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“

Повикот за изработка на креативни илустрации за најновиот проект „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ е отворен уште четири дена, до 20 март 2021 година.

Вкупниот фонд за награди изнесува 140.000 денари или 35.000 денари поединечно за секоја од четирите сликовници.

Сите заинтересирани илустратори и дизајнери може да ги испратат пријавите на е-адреса bravosine@arslamina.com.

Кандидати анонимно учествуваат до првата селекција на пристигнати решенија, по што може да бидат повикани на лична презентација за планираниот пристап и работата кон целата едиција на бајки, доколку решението биде наградено.

Отворениот повик за илустратори и дизајнери е втората етапа од проектот „Современи бајки од Македонија“, а илустрации ќе се работат за четирите победнички бајки: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова.

Текстовите на бајките можат да се најдат на следниот линк: www.arslamina.com/bajki2021.

Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири-комисија составена од претставници на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“ и надворешни членови (експерти од областа).

Конкурсот за „Современи бајки од Македонија“ следи по големиот успех на претходните проекти „Бајки од Македонија“, „Бајки од Македонија за цела година“ и „Басни од Македонија“ кои постигнаа голем успех, а дел од нив се преведени на седум јазици, Брајово писмо, наградувани во светот и дома и се едни од најпродаваните книги за деца кај нас