Последниот објект на архитектот Ричард Роџерс

Архитектот Ричард Роџерс, добитник на наградата Прицкер, која се смета Нобелова награда во архитектурата, го претстави својот последен проект за крај на својата плодна професионална кариера. Ова е последно негово изведено дело откако се пензиора од бирото Rogers Stirk Harbour + Partners (RSHP).

Објектот наречен The Richard Rogers Drawing Gallery е уметничка галерија од 120 квадратни метри  сместена на рид со поглед на лозјето Chateau La Coste во јужна Франција.

„Желбата беше галеријата да има „поглед“ кон лозјата Chateau La Coste, а во далечината и на планината Луберон“, вели Stephen Spence, партнер во RSHP.

Исто така овој објектот е последна архитектонска интервенција во низа во рамки на лозјето Chateau La Coste, која се приклучи на објектите проектирани од Тадао Андо, Жан Нувел, Ренцо Пијано и Френк Гери, исто така добитници на наградата Прицкер.

извор: Порта 3