Кога уметноста се пресликува на филмското платно (2)
Визуелните уметности, сликата и нејзиниот современик, видеото, при својот спој даваат посебно артикулирана естетика, која плени и оплеменува. За љубителите на седмата уметност, ваквиот пресек претставува оживување на сопствените фантазии во кои уметничкото платно се пресликува на филмското.
Сигурно нашиот прв предвесник на уметност во филм е култната комедија од 1997 година, прва екранизација на „Mr. Bean“ на големото платно. Сите сме се смееле кога смотаниот господин Бин , инаку чувар во Националната Галерија во Лондон, успева да го уништи експонатот кој патува за Америка, а е насликан од Џејмс Мек Нил Вистлер, познат меѓу уметничката фела како „Аранжман во сиво и црно бр. 1“, или „Вистлеровата мајка“.
Но да преминеме кон посериозни филмски остварувања, од кои дел се документарни, a речиси сите имале значителен успех на филмските фестивали и манифестации.
The girl with a pearl earing(2003)- работена според истоимениот роман на пулицеровото откритие, Трејси Шевалие, оваа драма го претставува затворениот, апатичен живот на уметникот Јоханес Вермер, кој инспириран од платонско вознесение кон младата слугинка во неговиот дом, ќе ја наслика иконата на златното доба во сликарството. Скарлет Јохансон ја глуми Грие, а Колин Фирт познатиот Вермер. IMDb: 6.9/10
Klimt(2006)- Џон Малкович го носи бремето на австрискиот уметнички мајстор Густав Климт. Филмот и покрај слабите прогнози стигна до Беринале. Претставува беспрекорен спој на биографија и заговор, замисла на eден авантгарден правец кој патува до него два века, пред да биде озаконет во очи на конзервативните принципи. IMDb: 5.2/10
Goya’s ghosts(2006)– Хавиер Бардем и Натали Портман се двете огледала преку кои се рефлектира бледиот остаток од некогаш моќниот Гоја. Тој е заплеткан во интригите на неговата муза, која јавно ја прокламира својата еретичност и гадење кон Црквата . Одлична дисекција на сексуалноста и репресираниот нагон кој еден сликар го има кон мострата на сопствените инспирации, а најчесто е обликуван како почит. IMDb:6.9/10
Carravagio(2007)- Oпседнатоста на Караваџио со бруталноста, смртта и насилните сцени, не го одминува ни филмското платно. Неговиот бурен живот бил исполнет со скандали, ексцеси и контроверзии. Живите, реалистични мотиви го носат вистинското лице на темновековието закачено меѓу четири агли на позлатена рамка.
автор: Јована Матевска Атанасова