“Молитва по Достоевски” во Народен театар Битола

По благото стишување на ситуацијата која, без исклучок, сите до еден не измести од зоната на динамично секојдневие, се чини дека се наѕира блага надеж за достапност на доза култура која и те како е потребна за одржување на здраворазумноста.

Народен театар Битола, емотивно и со сериозна доза на радост најави и покани на средба за уживање и размена на позитивна енергија.

На крајот на месецов, односно на 21 и 22 мај, со почеток во 20 часот, ќе се случи премиерата на перформансот “МОЛИТВА ПО ДОСТОЕВСКИ”, ИНСПИРИРАН ПО МОТИВИ ОД ДЕЛАТА НА Достоевски, а надополнет со руска песна.

Потписник на оваа идеја е Валентин Светозарев, а за музиката е задолжена групата Фолтин. Драмските парчиња се доверени на Катерина Аневска-Дранговска и Огнен Дранговски.

Согласно протоколите за работа, местата се во ограничен број, поради што е потребна навремена резервација