Роман од Венко Андоновски во Загреб, претстава во Бања Лука
Неодамна, во издание на ТИМ-прес од Загреб, се појави романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во превод на македонистот Борислав Павловски. Ова е трет роман на Андоновски во Хрватска, по „Вештица“ и „Папокот на светот“, кои го свртеа вниманието на читателите и критиката. Андоновски е и познат македонски кроатист кој често пишува критички осврти и поговори за хрватските писатели. Затоа, „Вечерњи лист“ објави големо интервју со Андоновски, не само за романот, туку и за политичката ситуација на Балканот.
Во исто време, во Српското народно позориште во Бања Лука, Дејан Пројковски ја поставува претставата „Генетика на Глембаеви“, работена според текстот на Андоновски, а играна кај нас под наслов „Генетика на кучињата“.
Со дозвола на Професорот, интервјуто ви го пренесуваме во целост.