Претставување на писателот Томислав Османли во Сплит

Писателот Томислав Османли, денес ќе биде претставен пред сплитската културна јавност заедно со неговиот хрватски колега – Ивица Иванишевиќ.

Нашиот писател, кој е на едномесечна книжевна резиденција во Сплит преку проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ-програмата „Креативна Европа“, пред публиката ќе го претстави своето творештво, и заедно со својот колега ќе зборуваат за специфичностите на пишувањето проза и драмски форми, за стрипот, за „малите“ и „големите“ јазици, за книжевната сцена во земјите, особено во време на пандемија, како и за резиденцијалните програми и нивната важност за писателите.

Претставувањето и разговорот ќе го води книжевната критичарка Патриција Хорват.

Почетокот на авторската средба  е закажан за 20:00 часот.