Реализирана издавачка програма на Македонскиот стрип центар

Стрип центарот на Македонија – Велес, годинава ги реализираше своите активности во оваа сфера со следните изданија: Списанието „Стрип креатор“ бр. 33 и 34, Изданието „Македонски стрип алманах 2021“ од група автори, Стрип книгата „Итар Пејо и Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски, Стрипот „Шенко“ на Миле Топуз и стрип книгата Шерлок Холмс-крал на маската Епизода „Тарзан, господар на џунглата на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска, информира Томе Трајков од СМ-Велес.

Списанието „Стрип креатор“ бр. 33 и 34 e единственото постојано издание во Македонија и е продолжение на ревијата СТРИП АРТ во кое покрај наградените стрипови од Интернационалнот салон, заслужено место добиваа и македонските автори. Оваа ревија има посебно значење бидејќи токму овде доста македонски автори ги имаат објавено своите први стрипови. Поаѓајќи од фактот дека во досегашните броеви на списанието се објавуваат наградените стрипови од Меѓународниот конкурс за стрип што СЦМ – Велес го објавува секоја година, редакцијата продолжува со истата концепција како и со објавување на избрани стрипови од македонски автори, информира Трајков.

Изданието „МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2021“ група на автори“ го зголемува и стимулира бројот на македонски стрип автори. Тука се претставени стрип дела на: Стефанија Ристовска, Софронија Шарламанов, Мартина Величковска, Марија Стојановска, Гунај Абдулов, Евгенија Трајковска, Јана Бутеска,Ване Трајков, Лаѕар Ангелков, Александар Цакоски, Оливер Цветковски, Илко Стојановски,Горан Трпков како и гостинката од Нови Сад Ања Тановиќ.

Стрип книгата „Итар Пејо и Насрадин Оџа“ од Раде Дичоски се состои приказни од повеќе извори и истите се соберат во една визуелна форма како што е стрипот. Со цел посликовито да се долови начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата и другите карактеристики на тоа време, направени се 16 приказни во стрип со вкупно 45 страници.

Стрипот „Шенко“ од доајенот Миле Топуз, врз основа на романот на македонскиот новинар и писател Киро Донев. Во стрипот, Миле Топуз, во стил на академски сликар ги поврзува сликите на македонските измачени селани во струмичко, под пазувите на Беласица, во време на турското ропство.

И на крајот стрип книгата ХЕРЛОК ШОЛМС – крал на маската Епизода „ТАРЗАН, ГОСПОДАР НА ЏУНГЛАТА“ на Јулио Радуловиќ Јулес од Хрватска, според сите релевантни мислења најголемиот светски стрип цртач на денешницата, заедно со текстописецот Звонимир Фуртингер.