Мартин Кочовски – Нашето изразно средство е уметноста

Кога ќе се спомене Мартин Кочовски, веднаш знаеме дека на сцената ќе гледаме Брехтовски театар, игра, музика и бунт. Неговиот театарски печат е и препознатлив на театарската публика. Но овој пат, за миг по Брехтовската игра, влегуваме во една нова динамика каде што ја нема брехтовската дистанца, туку на сцената се создава жива приказна, приказна која е суштинска, приказна со која ние денес живееме и исто така приказна која ја носи и Брехтовската игра – општествениот и политички систем кој со години се бориме да го промениме, а со тоа и секој од нас да ја промени својата матрица.

Вечерва 30.09, со почеток од 20.00 часот, Битолскиот Народен Театар ја има својата премиера претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ? Која веќе ја имаше својата online премиера. Овој пат најпосле ќе се сретне во живо со театарската публика. Зад режијата стои Мартин Кочовски, сценограф е Филип Јовановски, а потписници на музиката се Фолтин и една силна битолска екипа.

Елементал: „Светот гореше од кога се родивме“ е еден од стиховите кој е силно акцентиран во самата претстава. Вашиот живот, вашите предизвици, неправди и борби ги слушаме и ги гледаме низ маестралната игра на актерите. Која беше вашата силна водилка храбро да се изборите со вашиот свет и истиот да го искреирате и да го подарите на публиката во самата претстава и која е всушност вашата порака?

Мартин: Ние не го запаливме огнот, тој гореше пред ние да се родиме. А огнот е ужасот на луѓето, а другата страна е страста и жедта за хуманост.

Нашиот свет е наследен!

Песната „we didn ’t start the fire“ е инспирација за претставата која кажува дека ние го наследивме овој свет, ова е направено пред нас и сега имаме шанса да го промениме. Нашето изразно средство е уметноста.

Инспирацијата за оваа претстава се постапките на нашите родители, односно нивната генерација.

Не верувам дека се изборивме со тие постапки. Се бориме да ги надминеме!

Ние генерациски се наоѓаме во еден маѓепсан круг, тркало што не прекинува. Се трудиме и се бориме да ја прекинеме центрипеталната сила на кругот. Оваа претстава е направено специјално за Битолскиот театар, во овој град со овие луѓе. Ова беше вистинско време бидејќи помладите актери ги познавам по нивниот професионален живот, а постарите ги познавам и по нивниот личен живот. Неправдите се безброј и целата претстава е направена токму за нив. Би било неправедно да го склопам во три реченици. Затоа моите изразни средства се актерите и музиката.

Претставата е за мене исклучително важна и уникатна заради тоа што е во голем дел автобиографска. Интересното е што се работи за некаква врска меѓу драмскиот текст и мојот личен живот. Кога се гледа претставата се гледа чувство на блискост. Многу е комплицирано да се објасни без да се доживее претставата, но се надевам дека ќе ја разберете кога ќе ја гледате што точно сакам да кажам. Важно е дека претставата е тука, не во друг театар. Овој театар, не само заради моите лични или локални симпатии, сè уште е еден од врвните театри во регионот.

Превод од англиски: Снежана Крајчевска Плушковска

Режија: Мартин Кочовски

Асистент на режија: Јован Ристовски

Сценографија и дизајн на плакат: Филип Јовановски

Костимографија: Јулијана Бојкова Најман

Музика: Фолтин

Тон – дизајн: Александар Димовски

Светло- дизајн: Игор Мицевски, Горан Петровски

Фотограф: Александар Буневски

Инспициент: Мирослав Лазаревски

Суфлер: Гордана Михајловска

Шминка и фризура: Сашо Мартиновски

Играат :

Глорија…….Илина Чоревска

Роберт….. Никола Стефанов

Алис…..Валентина Грамосли

Роки ….. Николче Пројчевски, Анастазиа Христовска

Руби…… Викторија Степановска- Јанкуловска

Џејмс…. Филип Мирчевски

Џоел……. Николче Пројчевски

Џеки….. Марија Стефановска

Марио…… Живко Борисов

Морнарот…Здравко Стојмиров

Ширил….. Анастазиа Христовска

Фред …….Александар Стефановски