Борис Чоревски и Емил Rубен и сценографот Kрсте С. Џидров – добитници на наградите за животно дело „Војдан Чернодрински“

Синоќа со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Борис Чоревски и Емил Rубен и на сценографот Kрсте С. Џидров, започна 55 јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. 

Наградите ги врачи градоначалникот Илија Јованоски.Добитниците истакнаа дека им е посебна е честа што ги добиваат наградите токму на јубилејното 55-то издание на Фестивалот на кој со децении се присутни во бројни претстави.

„Многу ми е мило што оваа награда ја земам токму сега, на јубилејното 55-то издание на Фестивалот. Околу 30 години сум учествувал на Фестивалот и сакам да и се заблагодарам на прилепската публика која сите овие 55-години го сака, го знае и го наградува театарот. Театарот е разонода и не само во овие тешки времиња од ковидот, туку, воопшто ,во животот и многу е добро да се дојде во театар, да се гледаат претстави. Театарот е мојот живот, би рекол, и додека ме повикуваат, јас ќе играм во претстави“, изјави актерот Борис Чоревски.

Сценографот Крсте Џидров рече дека четириесетина години доаѓа на Фестивалот со сценографии за претстави.  „Сум соработувал со сите македонски професионални театри и сум добивал награди. Досега сум направил  вкупно 160 сценографии за претстави во земјава и надвор од неа. Посебно ми е драго  што ја добив наградата за животно дело токму на јубилејниот 55-ти Фестивал. За комплетните сценографии заслужни се актерите, режисерите, зашто јас сум човек  „на повик“, да направам сценографија за претстава. И голема е помошта и од техничкиот персонал за правењето на сценографијата. Тоа е тимска работа“, рече сценографот Крсте Џидров.

Актерот Емил Рубен, заблагодарувајќи се за наградата се  присети на настани од пред години на фестивалот, кога одбиле да играат претстава и посочи дека со доделувањето на наградата за животно дело прилепската публика му простила за тој чин.