Витошевиќ со нова документарна театарска претстава

,,Работи за кои не зборуваме “- премиера вечерва со почеток од 20часот во Македонскиот народен театар . 

 После претставата ,,Мојот Маж “, Нела Витошевиќ  навлезе во ново истражување и нова документарна театарска претстава . 

 Насилство , агресија , дискриминација , религија , злоставување .    Уметникот не може никој да го запре да зборува . А сега во ова немо време е најпотребен да создава вистини кои ги живееме и се методи и правци кои се провлекуваат со години . 

   ,,Мојот маж “беше првото соочување со публиката , првото “разголување “на актерите за своите лични приказни , свои , трауми и стравови . ,,Претставата “Работи за кои не зборуваме “е само едно продолжување на сценскиот јазик и печат кој Нела заедно со актерите го создава на многу минималистичен и реалистичен начин кој создава живот на сцената и за миг не создава сите нас . 

     Покрај личните приказни на сцената извираат приказни од други анонимни луѓе кои одлучиле некому да раскажат дел од нивните животи . 

    Адетите, традицијата кои општеството ги создава како морал , кое прераснува со одговорот  “Е зошто така треба” е само едно освестување  за сите нас кои будно и свесно посматраме , а не го менуваме системот кој е трул и од нас знае да создаде депресивни и незадоволни луѓе кои само преживуваат , а не живеат ! 

     Ова е тема која не смее да застане тука , ова е претстава која создава грутка во грлото , но истовремено создава и храброст да зборуваме за работи кои некогаш биле забранети , претстава која за миг не ослободува од грчот .Пред нас слушаме разни приказни и сфаќаме дека не сме сами во нашата битка . 

     Претстава која отвара многу длабоки теми и прашања за патријахалното уредување во регионот , но и пошироко . 

    На траги -комичен начин тимот на претставата прави критика на балканското патријахално миље , каде на крајот ја создава катарзата . 

    Театарската претстава ,,РАБОТИ ЗА КОИ НЕ ЗБОРУВАМЕ “е во продукција на WONDERLAND THEATER и во ко -продукција со МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР . 

     Играат : Драгана Костадиновска , Ивана Павлаковиќ , Сара Климоска, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ 

   Режија :Нела Витошевиќ 

    Драматург :Викторија Рангелова -Петровска 

   Сценограф: Васил Христов 

    Костимограф : Роза Трајчевска -Ристоска 

  Користена Музика : Крсте Роџевски 

    Избор на музика :Нела Витошевиќ

     Дизајн и рекламен материјал :Борче Димитријоски