“Парадоксот на Диоген” вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одигра претставата „Парадоксот на Диоген“, во организација на танцовото здружение „Икс на квадрат“.

Диоген шетал по земјата во потрага по човек. Во оваа претстава ние го бараме помеѓу вас. Сета моќ е ваша! Ни требате будни и присутни! Ние не се плашиме да го кажеме она што го мислиме и гледаме и притоа да бидеме искрени и со отворено срце. Нашата сцена ќе биде судницата, а вие ќе бидете нашите судии!

Претставата е преработка на истоимената драма на Томе Арсовски.
Музика: Тодор Скаловски
Кореографија и режија: Јована Зајкова и Бобан Русески
Танчари: Бобан Русески, Јована Зајкова, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска (Скопје танцов театар), Илина Костовска и Јана Трајковска (ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”)
Глас: Христијан Поп-Симонов и Марија Талеска

Цената на билетите е 200 ден. Истите се достапни само во рок бар Гарсон.

*Настанот ќе се одржи согласно актуелниот протокол за работа во затворен простор.
*Претставата е поддржана од фестивалот „Цело е кога се има 30“ и „Театар Чин 4 сцена 5“, Прилеп.