Премиера на „ГЛУМиЦИ“ – новата театарска претстава на Артопија
Вечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ ќе се случи премиера на „ГЛУМиЦИ“ – новата претстава со колективно авторство од независното театарско здружение Артопија.
Колективно авторство
Дизајн на сценски простор: Ненад Тонкин
Оригинална музика: Дино Имери
Продукција: Артопија
„Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш.
Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе.
Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова.
Да пробаме заедно, па ќе видиме“, истакнуваат од Артопија.
*Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи
*Премиерата е распродадена. Наскоро информации за следни изведби.