„Мајсторот за спомени“ на репертоар во МКЦ

На 6 и 7 февруари (недела и понеделник), со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржат две изведби на  „Мајсторот за спомени“ – театарска претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија.

„Мајсторот за спомени“ е театарската претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Екипа:
aвтор и режисер – Јане Спасиќ

Актери:

Ненад Митевски
Елена Кузманов
Мартин Јорданоски
Бојан Кирковски
Симона Спировска
Анастасија Аневска

Сценограф: Мартин Манев

Костимограф: Бранкица Јордановска

Дизајнер на светло: Владимир Димоски

Композитор: Дарија Андовска

Дизајнер: Матеја Николиќ

Маркетинг: Мартина Петреска

Продуцент: Филип Николовски