Драмски театар Скопје гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав – Љубљана, Р. Словенија

НУ Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Љубљана, Р. Словенија од 9.2. до 14.2.2022 година, со претставата „Мојот маж“ (на 13.2.2022г.), која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска.

Оваа претстава, која е во режија на Нела Витошевиќ има добиено повеќе награди:

  • Награда за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите
  • Награда за главна женска улога – Наталија Теодосиевска
  • Награда за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска
  • Награда за костимографија – Роза Трајческа Ристовска

Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

НУ Драмски театар Скопје  е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.