Капиталното дело „Историја на филмот, книга II“ достапно во PDF

„Историја на филмот, книга II“ на авторот Георги Василевски, во издание на Кинотеката  од 2002 година, деновиве ја доживеа и нејзината дигитална верзија. На следниот линк https://kinoteka.mk/%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%bc%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%bd%d0%b8%d0%b3%d0%b0-ii-%d0%b7%d0%b2%d1%83%d1%87%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%84%d0%b8/ на сајтот на Кинотеката, kinoteka.mk, можете да го најдете PDF форматот на ова капитално дело од историјата на светската кинематографија.

„Историја на филмот, книга II“ ја обработува појавата на звучниот филм и го анализира  периодот во светската кинематографија од  1927 до 1945 година. Втората книга од четиритомната „Историја на филмот“ хронолошки го опишува откритието на звукот во филмот, големата епоха на францускиот филм, германскиот филм и нацизмот, полетот на британскиот филм, успесите на советскиот филм, светската кинематографија за време на Втората светска војна, стариот и новиот Холивуд…